Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково, а намалена видливост поради појава на магла од 100-120 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината во 10:00 часот.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и приспособување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на Македонија пат се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.