
Сообраќајка се случила утринава пред Банско, при што потешко е повредено петгодишно дете, а полесно се повредени четири лица.
До несреќата дошло кога се судриле патничко возило и такси.
По укажаната медицинска помош, во болницата во Струмица, четворицата полесно повредени се пуштени на домашно лекување, додека петгодишното дете е задржано и под итно е транспортирано на Клиниката во Скопје.
Сообраќајната незгода се случила на регионалниот пат Струмица-Банско, помеѓу селата Муртино-Банско, околу 8 часот.
Во директниот судир на двете возила, едното патничко и другото такси, со полесни телесни повреди се здобиле возачот на таксито Е.Н. и возачот на патничкото возило С.А. како и сопатниците Л.М. и М.М., додека петгодишното дете се здобило со потешка телесна повреда.
Според првичните сознанија патничкиот автомобил, со четворицата патници се движел кон Банско, кога директно се судрило со такси возилото.
СВР Струмица ги истражува причините за сообраќајката.