Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози. Снежни врнежи со слаб интензитет има на Маврово и Попова Шапка, но не претставуваат пречка за нормално одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.