![vlazni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/vlazni.jpg?resize=577%2C363&ssl=1)
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.