Иља Јашин,копретседател на партијата на убиениот опозициски лидер Борис Немцов, не верува дека Чеченците се винивни за атентатот, пренесува МИА, повикувајќи се на Би Би Си.
Јашин во изјава за Би Би Си вели дека е „длабоко скептичен„ во тврдењето на официјалната истрага, дека двајцата уапсени Чеченци, Заур Дадаев и Анзор Губашев се директно поврзани со убството на Немцов.
Јашин ја отфрла и тезата на полицијата дека зад убиството,стојат радикални исламисти,туку дека виновниците треба да се бараат,внатре во Русија,или „дури и во руската влада“.
На самиот почеток од истрагата, московската полиција објасни дека Немцов „можеби е жртва на одмазда од исламистите“ затоа што го бранел францускиот неделник „Шарли Ебдо„.
Уапсениот Дадаев ја призна својата вмешаност во убиството на рускиот опозисциски политичар,а полицијата уапси и други три лица,во врска со убиството,но тие одбиваат дека имаат било каква врска со случајот.
Во меѓувреме,полицијата во Чечечнија покрена широка акција против радикалните исламисти,па во една пресметка со милитантите,шест лица се самоубија,за да не бидат заробени.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го опиша Дадаев како „посветен муслиман„ кој бил длабоко вознемирен поради карикатурите на францускиот сатиричен неделник.
Јашин,меѓутоа,тврди дека Немцов не бил толку силен критичар на радикалниот ислам,колку на претседателот Путин.Според Јашин,убиството е „акт на терор„ за да се заплаши рсукото општество.
Московската полиција и понатаму тврди дека станува збор за „нарачано убиство„.
Борис Немцов беше убиен на 27 февруари,на еден московски мост,во близината на Кремљ,додека се враќаше дома, со својата девојка,од Украина,со која претходно бил на вечера.
Убиството се случи на само дванаесетина часови пред планираниот митинг на неговата партија,против војната во Украина и „руската вмешаност„ во тамошниот конфликт.
Немцов,поранешен прв заменик премиер на Русија,во времето на Борис Елцин,не влезе во владата, кога Владимир Путин,во 2000 година, за прв пат беше избран за руски претседател.Веднаш потоа,Немцов стана опозициски политичар и остар критичар на Путин и неговата внатрешна и надворешна политика.
Путин остро го осуди убиството и побара од Министерството за внатрешни работи да се стави крај на „срамните„ политички убиства во земјата.
фото: BBC