(ВИДЕО) Сопрена екипата на ТВ Сител да си ја извршува работата

Екипа на Сител денеска е спречена од страна на полцииски службеник да снима на јавен простор во Кратово.

Екипата на Сител излегла од возилото и се подготвивле да снимаат од избирачко место, но полицискиот службеник не им дозволил да снимаат со изговор дека требало телефонски да се најават. Инаку, за акредитираните медиумски екипи дозволено е да се снима изборниот процес и не треба никаква најава. Претседателите на Избирачките одбори се должни да им дадат изјава и информации за текот на гласањето.

Инаку, новинарката на Сител Мирјана Јовеска јавува дека во Кратово се забележува големо присуство на полициски сили. Имено, таа во вестите на телевизијата рече дека голем број возила се запрени и запленети од страна на полицијата и дури утре ќе одат на вонреден технички преглед.

Погледенете го видеото: