Сопруг на пациентка од тетовско со пиштол на медицинскиот персонал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 24-годишниот Ф.Ш. од селото Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’.

На 4-ти февруари 2020, пријавениот со пиштол од вработена на Одделот на гинекологија ги побарал назад наплатените парични средства за хоспитализација за неговата сопруга, по што го напуштил местото.