Сопруга на виролог од Вухан починала од Covid-19 пред пандемијата

Сопругата на еден од виролозите кои работеле во лабораторијата во кинескиот град Вухан, починала по заразување со коронавирусот во декември 2019 година, пред кинеските власти да известат за епидемијата на новиот коронавирусо, објави ресурсот Daily Caller, повикувајќи се на поранешниот соработник на американскиот Стејт департмент, Дејвид Ашер, кој работел на истрагата за потеклото на Covid-19.

„Тоа бил првиот показател дека вирусот може да се респростанува меѓу лушето“, рекол Ашер.

За смртта на жената на вработениот во лабораторијата Ашер бил информиран од лице кое тогаш работело во Институт за вирологија во Вухан (WIV).

Според него, кинеските власти наводно „ја криеле еден месец“ информацијата дека коронавирусот е заразен за луѓето. Тоа придонело за избувнувањето на епидимијата (во Кина), а потоа и глобалната пандемијата, смета Ашер.

Минатата недела весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на досега необјавен извештај на американското разузнавање објави за сериозно заболување во ноември 2019 година на тројца вработени во Институтот кои биле хоспитализирани. Во написот беше наведено и дека тие ги имале истите симптоми „како и членовите на еден тим кој се занимавал со истражувањето на коронавирусот“.

Минатат седмица група републиканци од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД објавија за постоење „огромни докази“ за тоа дека епидемијата можеби се должи на „бегање“ на вирусот од Институтот за вирологија во Вухан. Извештајот објавен на веб-страницата на Комитетот укажува на појава на симптоми карактеристични за Covid-19 уште есента 2019 година кај неколку истражувачи во лабораторијата, како и присуство на кинеската војска во Институтот, пренесе телевизијата CNN.

Во извештајот кој официјално Кина го поднесе во СЗО, пак, се тврди дека првиот пациент со симптоми подоцна дефинирани како симптоми за Covid-19 е регистриран на 8-ми екември 2019 година во Вухан.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) по неколку одлагање во март објави целосна верзија на извештајот на меѓународниот тим експерти по нивната посета на Вухан за откривање на потеклото на коронавирусот, во кој оцени дека „бегањето“ на Covid-19 од лабораторија го катергоризираше како „кракно малку веројатно“. Во тој извештај се наведува дека новиот вид на коронавирусот „најверојатно“ бил пренесен на луѓето од лилјаците преку сѐ уште неидентификуван посреднички животински вид. Оваа верзија за директното зооно потекло на вирусот стручњаците ја категоризираа „од можна до веројатна“.

САД, Норвешка, Канада, Велика Британија и некои други земји во март годинава изразија загриженост од студијата за потеклото на Covid-19 организирана под покровителство на СЗО и повикаа на дополнителна истрага и овозможување целосен пристап до сите релевантни податоци за луѓето, животните и другите информации за рабата фаза од избувнувањето на епидемијата во Кина.