Според српскиот весникот „Неделник“, Марко Милошевиќ пред неколку месеци се оженил по вторпат, поточно официјално првпат, со богата Русинка. А, сопругата на Слободан Милошевиќ, Мира марковиќ живее во Москва под целосна заштита во воен објект, кој е еден вид „руски Караѓорѓевиќ“,
Парите се лепат на пари, зорува соговорникот за „Неделник“, откривајќи како Мира Марковиќ живее во објект кој го обезбедува руска војска.
Авторите на статијата наведуваат и анегдота која кружи по езбедносните и дипломатски кругови: „И тебе би те чувала руска војска, ако внесеш 4 милијарди долари во Москва“.
„Мира би сакала да се врати во Србија, но не планира враќање. Каде да се врати? Ја советував да не се враќа„, изјавува за „Неделник“ Драган Хаџи Антиќ, долгогодишен пријател на семејството и издавач на книгите на Мира. Тој наведува дека Мира ја завршува книгата во која најверојатно ќе ги обелодени сите детали од семејниот и политичкиот живот на парот Милошевиќ- Марковиќ.