Сопругата на Ангелов се пожали дека нејзиниот сопруг со денови ниту јадел ниту пиел

Сопругата на Стојанче Ангелов, Јасминка се пожали дека нејзиниот сопруг со денови ниту јадел ниту пиел.

Таа  на Фејсбук вели дека Стојанче немал време за храна и вода поради тоа што таа е загрижена за својот сопруг кој имал и здравствени проблеми.

„Мојот сопруг излезе вчера рано наутро во истиве алишта што и сега ги носи, му дадов в раце само една маица со кратки ракави. Ниту се нови овие изветвени панталони и кошула (што планинарење поминал со нив да знаат да кажат), а најмалку се чисти по поминат теренски ден и ноќ на отворено. Инаку со дни ниту спие ниту јаде, вдишува чад и мене тоа ме загрижува затоа што е тежок, 80 отсто воен инвалид, исечен му е белиот дроб, ако сфаќате што значи тоа. Со тастатурно војување не се помага. И запамтете: Овој човек има душа и простува на сите што го напаѓате, џабе арчите букви на тастатурата“, напиша сопругата на Ангелов, Јасминка.