Oперска пејачка Ана Дурловски, сопруга на притворениот Игор Дурловски, светски познатиот оперски пејач, се пожали за време на неодамнешните гостински настапи во Штутгарт и Дрезден на политичка репресија врз граѓаните во нејзината татковина Македонија.
Народот во Македонија се плаши, рекла 39-годишната уметница на маргините на претставата во „Ариоданте“ во Државната опера во Штутгарт.
„Не постои владеење на правото или слобода на печатот во балканската држава, само политичка репресивност. Време е меѓународната заедница да ги отвори своите очи за авторитарните тенденции на земјите кои се стремат кон ЕУ. Игор Дурловски, кој е исто така пејач (бас) познат во западните земји до пролет беше уметнички директор на операта во Скопје, а од ноември е во притвор под сомнение за тероризам. Вкупно 36 лица беа уапсени на крајот од ноември за „заканување на уставниот поредок и безбедноста преку тероризам“, пишуваат германските медиуми.
Сигурна сум дека тој е невин, рекла Дурловски за нејзиниот сопруг, кој е познат и во Германија.
„Адвокатите зборуваат за политички прогон. Конкретни тврдења или дури и докази за делото за кое се товарат притворените, не постојат досега. Петнаесет униформирани мажи пристигнаа на 28-ми ноември во 06:00 часот и го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син“, рекла Дурловски, која пееше во Штутгарт во операта „Ариоданте”, а на почетокот на 2018 година публиката ќе може да ја види во улогата на Кралица на ноќта на сцената на дрезденската „Семперопер“.