Сопругата на Робин Вилијамс проговори за смртта на актерот и ја откри причината за неговото самоубиство.
Светската јавност остана во шок, кога актерот минатата година си го одзема животот, а зад себе ја остави сопругата Сузан Шнајдер и децата.
Сузан откри дека депресијата не е главната причина за самоубиството на нејзиниот сопруг, туку помислата дека боледува од деменција, болест слична на Алцхајмер.
Депресијата е само еден од големиот број симптоми. Лекарите направија се што можеа, но болеста беше побрза и поголема од него. Докторот ми нагласи дека Робин е свесен дека ги губи конците и дека неможе ништо да направи за тоа. Ја користам оваа прилика да ги предупредам сите луѓе што ја имаат оваа болест и се надевам дека ќе успејат да се изборат, затоа што ние не знаевме како. Всушност ниту тој не знаеше, вели Сузан, пренесуваат британските медиуми.