Полицијата најмила млада девојка која му праќала пораки со експлицитна содржина на сопругот на брутално убиената ѕвезда на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.
Како што дознава српски „Курир“, по веста која одекна во медиумите дека Зоран Марјановиќ кој пред камерите и пред луѓето глуми вдовец кој не знае што понатаму со животот, уште пред да биде 40 дневниот помен на Јелена, се допишувал со 27-годишна девојка.
Зоран 23 дена преку апликација се допишува со извесна Рада која има 27 години и е медицинска сестра од Виена. Пораки праќал и ноќта пред да биде 40 дневниот помен на Јелена. Тој на девојката и’ пишувал како сака да е до него и да заспиваат заедно.
Она што сопругот на 33-годишната Јелена не го знаел е фактот дека Рада всушност е најмена од српската полиција, за да проверат што би правел Зоран и дали навистина жали за Јелена или тоа е само маска.
Девојката со која праќал експлицитни и еротски пораки е само тест за него, на кој тој дефинитивно веднаш падна.