![pink i soprugot](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/pink-i-soprugot.jpg?resize=696%2C375&ssl=1)
Кери Харт, сопругот на пејачката Пинк (40), објави повеќе детали за борбата против коронавирусот откако Пинк и нивниот 3-годишен син Џејмсон дознаа дека се позитивни.
“Тие беа затекнати. И двајцата се разболеа. Мојот син имаше полоши симптоми, што ја уби целата теорија дека ова ги погодува само постарите луѓе. Мојата сопруга исто така беше прилично лошо. Таа има астма. Коронавирусот и ги нападна белите дробови и градите. Едвај дишеше. “, рече Харт како гостин во шоуто на Џејсон Елис.
“Пинк стана навистина нервозна откако виде колку бргу се шири коронавирусот, поради нејзината состојба со астма. Ние не излегувавме никаде, бевме во целосна изолација. Живееме во мал град и не сакавме некој случајно да го разболи со овој вирус. Само бевме на лекар и кај педијатар “, рече Кери.
Пинк на својот Инстаграм на 3 април ја критикуваше федералната влада што не ги стави на располагање тестовите.
„Луѓето треба да знаат дека болеста влијае на млади и стари, здрави и нездрави, богати и сиромашни. Треба да го направиме тестирањето бесплатно и широко достапно за да ги заштитиме нашите деца, нашите семејства, пријатели и нашите заедници“, напиша таа.
Таа, исто така донираше 500,000 долари на Фондот за итни случаи на Универзитетот во Филаделфија во спомен на нејзината мајка, која работела таму 18 години. Истата сума исто така му ја донира и на градоначалникот на Лос Анџелес, за итни случаи заболени со Ковид-19.