-Полицијата во овој случај ги направи сите можни проверки, пребарувања, анализи и по испитувањето на теренот, но и по бројните лица кои се сослушани, се дојде до тоа дека во овој момент главноосомничен за убиството на Јелена е нејзиниот сопруг Зоран, открива за Телеграф.рс извор близок до истрагата кој побарал да биде анонимен.
-Главна причина е фактот дека Зоран Марјановиќ, два пати не го помина полиграфското тестирање, иако во медиумите се појавија други информации. Тој и во двата случаи падна на детекторот на лаги, а покрај тоа исказот кој неколку пати го даваше е полн со празнини и нелогичности. Имено, во исказот навел неверојатни детали кои се однесуваат на други лица, се сеќаваше на човек со стап, без грешки го опиша и тој стап и безброј други детали, но воопшто не можеше да се сети на клучните работи кои се однесуваат на последната средба со Јелена, како и тоа дека нема алиби, објаснува изворот.
Според изворот, дополнително сомнителна работа е и тоа што мобилниот телефон на Зоран во времето кога било извршено убиството бил исклучен, па обидите за следење на движењето преку базните станици не е возможно, што укажува дека постои сомнеж дека исклучувањето на телефонот било со предумисла и дека е однапред сe испланирано.