Вишото јавно обвинителство во Белград подигна обвинение против сопственикот и шеф на актерската школа во Белград, Мирослав Алексиќ, кого во јануари неколку поранешни ученички го обвинија за силување, сексуално злоставувае и блудни дејствија, објвено е во средата.
На Алексиќ, според соопштението на Обвинителството кое го цитираат белградските електронски медиуми, на товар му се ставени „две продолжени кривични дела силување, две кривични дела силување, едно продолжено криовично дело незаконски полови дејствија, и четири кривични дела незакоснки полови дејствија, на штета на седум оштетени лица“.
За потврдувањето на обвинението и предлогот за продолжување на притворот ќе одлучува Вишиот суд во Белград, а Обвинителството наведува дека „поради заштита на приватноста на учесниците во постапката, предложено е исклучување на јавноста во текот на траењето на главниот претрес“.
Сопственикот и директор на актерската школа во Белград, Мирослав Алексиќ, по првите обвинувања и апсењето во јануари годинава, му беше одреден притвор од 30 дена откако неколку поренешни ученички го обвинија за силување, сексуално злоставување и блуд.
Судија на претходната постапка на Вишиот суд во Белград тогаш му одреди притвор поради можно влијание на сведоците и повторување на кривичното дели, но и на основа на фактот дека за тие дела е пропишана затворска казна подолга од 10 години.
Обвинението против Алексиќ го подигна актерката Милена Радуловиќ, а ја следеа уште неколку нејзини колешки, поранешни ученички во школата на Алексиќ, сведочејќи дека биле жртви на сексуално злоставување и силување во периодот од 2008 до 2020 година, во време додека биле малолетни и подоцна, што за полицијата беше доволен повод да го уапси.
Радуловиќ и другите девојки добија голема поддршка од јавноста и на социјалните мрежи, иако Алексиќ на сослушувањето ги отфрли обвиненијата.
Имајќи ја предвид тежината на кривичните дела, а особено тоа дека тие се сторени и против малолетни лица, обвинителството тогаш укажа на „законската обврска на сите учесници во постапката да не изнесуваат факти кои ќе ги дознаат во текот на постапката“.
Мирослав Мика Алескиќ е филмски режисер, продуцент и сценарист, актер и педагог кој имаше големо реноме во српската јавност. Низ работилниците на неговата школа за глума минале повеќе од 3.000 млади лица.
По пријавата од страна на Милена Радуловиќ и уште неколку белградскит актерки, четири актерки од сараевската Академија за сценски уметност покренаа група на Facebook под наслов „Не барав“, охрабрувајќи на пријавување на слични искуства во регионот. По ова на социјалните мрежи започна споделување на слични исповеди, а сараевската академија и формално ги повикаа своите студентки доколку имале слично искуство на сексуално вознемирување да јават на правната служба на Академијата.