Соработниците на Трамп не носеле маски пред и по тв дебатата, кампањата продолжува онлајн

Блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп не носеле заштитни маски во текот на повеќедневните подготовки пред правото телевизиско соочување со противкандидатот Џо Бајден, а семејството на претседателот ги симнало во салата во текот да дуелот.

„Не, никој не носеше маски во салата кога го подготвуваме претстедателот“, изјавил еден од неговите советници за дебатата, Крис Кристи, по објавата дека претседателот Доналд Трамп е позитивен на Covid-19.

Поранешниот гувернер на сојузната држава Њу Џерси појасни дека е дел од груоата од „пет – шест лица“ кои го подготвувале американскиот претседател за соочувањето со Бајден за претседателските избори на 3-ти ноември. Кристи редовоно го посетувал претседателот во Белата куќа „од саботата попладнето до средината на вторникот“, прецизираше. Во екупата за подготовка бил и поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолд Џулијани.

Крис Кристи рекол дека кај Трамп не забележал симптоми, кои вообичаено се јавуваат пед дена по заразата, иако тоа може да биде подолго или покусо, но ретко надминува 12 дена. Заболените стануваат заразни два дена по појавата на првите симптоми, што во случајот на Доналд Трамп би било во вторникот или средата, доколку првите симптоми се појавиле во четвртокот или петокот.

Трамп и Бајдени се соочија во вторникот вечетра во Кливленд, и двајцата настапија без маски но на одделеченост со која е почитуваше прописот за растојание.

Во салата семејството на Доналд Трамп пристигнала со маска, како и семејството на Џо Бајден, но Трамп наскоро ги симнале, изјави во петокот модераторот на соочувањето, Крис Валас. „Сите во салата беа негативни на тестирањето“, прецизираше за Fox News.

Претходно здравствените власти препорачаа сите во затворениот простор да носат паски, освен двајцата кандидати и модераторот.

„Меланија Трамп ги носеше маска кога влезе но ја симна кога седна. Сите други членови на семејството, вклучително и Иванка и Тифани носеа маски кога седеа“, изјави Валас.

Меѓутоа, сопригата на демократскиот кандидат Џо Бајден ја задржала маската на лицето во текот на целата 90-минутна дебата.

Трамп во седмицата пред да му биде дијагностицирана коронаинфекцијата посети седум сојузни држави. Но во петокот попладнето неговата кампања објави дека сите претходно настани во кои бил предвиден настапот на претседателот се селат онлајн или привремено се одложуваат,.

„Сите други настани во рамките на кампањата ќе се разгледуваат од случај до случај и неколку дена однапред ќе објавиме соодветна најава“, соопшти кампањата на Трамп.

Потпретседателот Мајк Пенс во петокот беше негативен на тестот на коронавируот и ќе продолжу да ја води кампањата за изборите.