Соработник на Зеленски порачал дека потенцијалната истрага за Бајден ќе биде транспарентна

Помошникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски во понеделникот изјави дека каква и да е истрага во Украина ќе биде спроведена транспарентно, по написите во неолиберланите американски медиуми дека наводно американскиот претседател Доналд Трамп од украинскиот колега во телефонски разговор барал да бидат истражуваани поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер за наводна корупција во Украина, во период кога Бајден постариот може да биде негов потенцијален кандидат на претседателските избори следната година.

Телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски од 25-ти јули предизвика контроверзии во Вашингтон. Медиумите кои се во војна со Трамп пишуваат дека тој од украинскиот претседател барал да го истражи Бајден во врска со корупција и злоупотреба на службената положба во времето кога беше потпретседател во маднатот на Барак Обама.

Трамп за новинарите во неделата потврди дека со Зеленски, меѓу другото зборувал и за Бајден и воопшто за рашитерана корупција во Украина, но дека најголемиот дел од разговорот се однесувал на честитки. Партијата на Зеленски во јули победи на парламентарните избори а кампањата ја водеше критикувајќи ја раширената корупција во времето на администрацијата на претседателот Петро Порошенко. Синот на Бајден, Хантер, пак, беше член на бордот на директори на „Burisma Group“, една од најголемите приватни гасни компании во Украина. Во времето кога неговиот татко Џо Бајден беше американски потретседател во 2016 година, бараше строга антикорупциска политика од властите во Киев, и како дел од оваа кампања повика на оставка на тогашниот вршител на должноста јавен обвинител на Украна, а кој ги истражуваше активностите на „Burisma Group“.

Украинскиот портал Ib.ua го цитира во понеделникот Андриј Ермак, помошник на Зеленски, кој во разговор со Руди Џулијани, личниот адвокат на Трамп, рекол дека каква и да е истрага во овој случај ќе биде транспарентна.

„Можеме да гарантираме дека во текот на нашиот мандат сите истраги ќе бидат спроведени транспарентно. Тоа се клучните принципи и основите на прогатама на претседателот Зеленски на кои ја водевме кампањата“, рекол Ермак.