Во министерството за информатичко општество и администрација ќе седне Јетон Шаќири од струшкиот огранок на ДУИ, објави весникот Коха. Шаќири е пратеник во новиот парламентарен состав. Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а беше и директор на струшкото претпријатие Водовод и канализација.
Тој важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети по состанокот на Генералниот совет на партијата рече дека сѐ уште се дебатира кој ќе биде предлогот за министер за информатичко општество и администрација. Се шпекулираше со имињата на заменичката во финансии Ширет Елези и министерот за образование во заминување Арбр Адеми.