
Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) денеска потврдија дека дипломатот од Данска, Петер Соренсен, ќе биде специјален претставник на блокот за олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија.
Соренсен беше избран од високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас да го замени Мирослав Лајчак на таа функција.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат конечно одобрение в понеделник, за Соренсен да може да го започне својот мандат на почетокот на февруари.
Соренсен е поранешен специјален претставник на поранешниот Генерален секретар на НАТО Хавиер Солана кој беше на чело на Алијансата кога Србија беше бомбардирана.