Стотици тинејџери, од кои многумина недоволно возрасни за да гласаат, излегоа од училиштата во цела Америка со транспаренти и слогани против човекот за кој велат, дека претставува закана за нивната иднина. Последните протести доаѓаат во екот на острите критики на изборот на Стивен Бенон за главен стратег на Трамп поради стравувањата дека на тој начин белото националистичко движење ќе се издигне до највисоките нивоа на Белата куќа. Протестите во понеделникот беа најмасовни во латино-заедницата во Kалифорнија: во Лос Анџелес на улица излегоа најмалку 4.000 ученици, во Сиетл бројот беше речиси 5.000, а стотици излегоа и на улиците во Денвер, Портланд и други градови. Синдикатот „Обединети професори од Лос Анџелес“ ги поздрави протестите велејќи дека гордо стојат зад учениците, за кои веруваат дека треба да се приклучат на нивните заедници во мирните протести.
– Ние сакаме децата да сфатат колкава е нивната политичка моќ и како да ги користат нивните гласови – вели пасторот Џефри Тејмс, кој се вклучил во протестите.
Илегалците се „гласачка машинерија“ на демократите
Но каква е политичката моќ на популацијата која с` уште нема право на глас ако не да биде инструмент во рацете на политичарите? Останува некој да им објасни на средношколците дека користењето на малолетниците во политички цели е практика што ја осудува целиот цивилизиран свет, а особено американската администрација, но очигледно само кога станува збор за други држави. Истата намена ја имаа и илегалците, а во САД ги има повеќе од 11 милиони, што администрацијата на Обама еуфемистички ги нарекува недржавјани и кои лично претседателот во заминување ги повика да гласаат на изборите ветувајќи им притоа дека тоа нема да повлече никакви законски последици за нив, пишува Дневник.
Според Грег Филипс од организацијата „Воут фрауд“, Обама го послушале повеќе од три милиони недржавјани што гласале на изборите, а според тоа што се чини американска политичка традиција при користењето на гласовите на илегалците, тие гласови отишле на контото на демократите, односно на Хилари Kлинтон. Филипс сега планира заедно со организацијата „Трувоут.орг“ да поднесе тужба и да побара информации за гласачите во државите во кои има најголем број недржавјани, како Kалифорнија, зашто според нивните анализи таму има огромен број гласови што не може да се верификуваат. Kалифорнија, во која живеат речиси 2,4 милиона илегалци, особено предничи во практиката зашто, спротивно на Федералниот закон, кога некој аплицира за возачка дозвола, автоматски го регистрираат за гласање. А кога би се собрале податоците од повеќе од 40 американски држави кои на повеќе избори им дозволувале на државјаните да гласаат, се покажува дека користењето на оваа популација како „гласачка машинерија“ не е аномалија во американскиот политички систем, туку норма што демократите масовно ја користат. А ова со факти го потврдија политичките научници Џеси Ричман и Дејвид Ернест, кои уште пред 2 години посочија дека гласовите на недржавјаните биле одлучувачки во изборите за сенатот, и нагласија дека најмалку 80 отсто од нивните гласови отишле на контото на Демократската партија. Kолку држи вода нивната анализа покажува и фактот дека статијата им беше објавена во „Вашингтон пост“, еден од најгласните медиумски поддржувачи на демократите.
Резервна опција за саботажа на мандатот на Трамп
Во случај протестниот бунт да не го постигне саканиот резултат, милијардерот Џорџ Сорос, за кој американските медиуми шпекулираат дека е главниот финансиер на протестите, но и на кампањата на Хилари Kлинтон, во меѓувреме работи на резервна опција за саботирање на мандатот на Трамп. Сорос во неделата собра голем број либерали на тридневен состанок во луксузниот хотел „Мандарин ориентал“, пишува „Политико“. Главен спонзор на средбата е влијателниот клуб „Демократска алијанса“ (ДА), а покрај богатите антитрамповски бизнисмени, на средбата присуствуваат и значајни политички ликови како Ненси Пелоси, шеф на демократите во Сенатот. На овие состаноци детаљно се разработува стратегија за саботажа на планот на Трамп за првите 100 дена од мандатот, што тие го сметаат за ужасен напад на достигањата на Барак Обама. ДА во последната деценија беше клучен креатор на изгледот на институционалната левица, како што се претставува Демократската партија и ја крена Хилари Kлинтон на позиција на централна фигура во партијата. Но предизборната стратегија им се покажа како целосно фијаско.
– Не губиш на изборите на кои сите очекуваа победа, на изборите со толкав влог, ако не направиш крупни грешки во претпоставките, стратегијата или тактиката. Нема да брзаме во ништо, но ќе ~ се спротивставиме на администрацијата на Трамп – вели Гара Ламарш, претседател на ДА.
Најавена е „голема офанзива“ за враќање на моќта и на довербата на гласачите, пред с` во државите во кои Трамп ја извојува клучната победа како Флорида, Охајо, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин.
Елизабета Божиноска, ДНЕВНИК