Тој за „Блумберг њуз“ на вечерата организирана во рамки на Светскиот економски форум во Давос истакна дека е тешко да се очекува оти Меј „ќе остане на власт“, имајќи ги предвид поделбите, кои се појавиле во нејзиниот кабинет.
Премиерката на Велика Британија во вторникот ги претстави плановите за преговори за излез на земјата од ЕУ, а Сорос оцени дека процесот на Брегзит ќе биде „горчлив развод“, кој ќе им наштети на двете страни.
Сорос исто така изјави дека е лично уверен оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да успее во спроведувањето на политиката, што ја најави.
Тој нагласи дека политичките планови на Трамп се полни со несигурност, што ќе се одрази негативно на финансиските пазари.
Во моментов несигурноста е на највисоко ниво, а несигурноста во суштина е непријател на секоја долгорочна инвестиција, затоа сметам дека пазарите нема да се справат многу добри, рече Сорос.
Тој смета дека доколку му биде дозволено Трамп ќе го претвори владеењето на САД во диктатура.
Тој е за друг вид владеење, кое е спротивно на отвореното општество, рече 86-годишниот милијардер.
Таа форма на владеење поточно можеме да ја наречеме диктатура, а исто така и мафијашка држава, додаде тој.
На прашањето каква позиција треба да заземе бизнис заедицата во однос на Трамп, Сорос препорача “да стои што е можно подалеку од него“.
Сорос смета дека активностите на Трамп на идиректен начин ќе и донесат корист на Кина.