Соседи од пробиштипско со тупаници и ножеви се пресметувале меѓу себе. Како што јавува МВР инцидентот се случил вчера во 21,20 часот во село Гајранци-пробиштипско.
Р.К.(59) забележал дека била срушена неговата ограда од дворот, по што претпоставил дека сторители се неговите соседи браќата Д.М.(42) и М.М.(1961) по што зел секирче и го скршил ветробранското стакло од паркирано возило „Застава 125“сопственост на М.М. а потоа истиот заминал.
Веднаш потоа Д.М. и М.М. влегле во дворот на Р.К. и физички го нападнале.
Истиот изреволтиран зел нож со помало сечиво и на ул.„9-ти Мај“ им нанел повреди во пределот на стомакот на двајцата браќа.
Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Клиничката болница во Штип каде им биле константирани телесни повреди и истите биле задржани на понатамошно лекување.
Р.К. бил приведен во полициската станица во Пробиштип, а потоа поради здобиените повреди од извршениот физички напад со возило на Брза помош бил пренесен во клиничката болница во Штип.
Увид извршила увидна екипа од ПС Пробиштип и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.