Цените на нафтата се стабилизираа во четвртокот на меѓународните пазар близу нивото од 74 долари за барел, по извештајот дела Русија и Саудиска Арабија разговарале за мерките за урамнотежување на пазарот кој е потресен од стравот до криза на банките, придушувајќи ги изгледите за побарувачката.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 73,95 долари. Позначителна промена немаше ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргуваше по 67,80 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во одвоен извештај објави дека цената на барелот референтна кошница нафта на нејзините членки во вторникот поевтинил за 2,70 долари, на 76,22 долари.
Пазарите седмицава се колебливи по колапсот на американската банка „Silicon Valley Bank“, а во средата вниманието им го привлече проблемот со ликвидноста на швајцарската „Credit Suisse“ по ланската загуба д 7,3 милијарди швајцарски франци и пораката на главниот акционер дека нема да учествува во докапитализацијата. Акциите на швајцарската банка остро паднаа во средата разгорувајќи го стравот од глобална финансиска криза.
„Банкарската криза којашто започна минатата седмица во САД се прошири во средата на Европа и на Credit Suisse, што на целиот пазар ја зајакна потребата од намалување на изложеноста“, вели во анкетата на Reuters Оле Хансен од „Saxo Bank“.
Во четвртокот од „Credit Suisse“ објавика дека од швајцарската централна банка ќе позајмат до 50 милијарди франци за да ја зајакнат својата ликвидност и довербата на вложувачите.
Веста накусо ги поткрепи цените на нафтата кои повторно тргнаа во надолна насока, откако Европската централна банка (ECB) ги крена клучните каматни стапки во еврозоната за дополнителен половина процентен поен, и покрај пораките од пазарите да почека ситуацијата да се стабилизира.
Расположението на нафтениот повторно се промени по извештајот на саудиските медиуми дека министерот за енергетика принцот Абдулазиз бин Салман во Ријад се сретнал со потпретседателот на руската влада Александр Новак и разговарале за настојувањето на групацијата OPEC+ да ја сочува рамнотежата на глобалниот пазар.
„Веста ги разбуди актерите на пазарот кои шпекулираат со растот на цените, што во некоја смисла и беше очекувано, имајќи ги предвид распродажбите во изминатите неколку дена“, коментира Џон Килдафф од „Again Capital“.
Претставници од картелот OPEC и нивните партнери независни големи произведувачи на нафта предводени од Русија (OPEC+) изјавиле за Reuters дека во групацијата сметаат дека цените на нафтата оваа седмица паднале поради стравот од финансиска криза, а не поради нерамнотежата на побарувачката и понудата. Во OPEC+ очекуваат дека пазарот ќе се стабилизира, додале.
OPEC оваа седмица ја зголеми процената на кинеската побарувачка на нафта за 2023 година, а и Меѓународната агенција за енергија (MAE – IAE) истакна во средата дека очекуваат раст на побарувачката поради обновувањето на воздушниот сообраќај и отворањето на кинеската економија по укинувањето на строгите епидемиолошки мерки поради сузбивањето на Covid-19.
Од МЕА воедно предупредија и дека комерцијалните залихи на нафта во членките на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) достигнале највисоки нивоа во 18 месеци и дека руското производство во февруари се задржало близу нивото од пред војната во Украина, и покрај западните санкции, што би сигнализирало обилна понуда.