Составот на новата украинска Влада ќе биде објавен во 19 часот

Составот на новата Влада на Украина ќе биде објавен во 19 часот вечерва, на плоштадот „Независност“ во центарот на Киев, пренесе „АФП“, повикувајќи се на пратеникот од партијата „Удар“ Валери Пацкан.

Политичките партии ќе ја прогласат владата на национално единство пред демонстрантите кои го окупираа плоштадот повеќе од три месеци. Иако претседателот Виктор Јанукович е отстранет од неговата функција и е поднесена оставката на претходната Влада, демонстрантите ќе останат на плоштадот до изборот на нов претседател.