Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 252.850 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 10.405, а оздравеле 89.061 лице.
– Смена на стражата пред Бакингамската палата нема да се спроведува до следно известување.
– Бројот на заразени во Шпанија достигна речиси 20.000 со над 1000 мртви.
– Француското Министерство за надворешни работи побара од 130.000 француски државјани, кои во моментов се надвор од државата уште трпение додека Владата се обидува да ги врати во земјата.
– Во Германија бројот на заразени со коронавирус ја надмина бројката од 14 илјади, што е раст од речиси 3000 за само еден ден, соопшти денеска Институтот Роберт Кох и дополни дека досега од Ковид-19 починале 31 лице.
– Малезија распоредува војска на улиците за да го контролира спроведувањето на мерките.
– Европските финансиски пазари денеска почнаа во плус откако европските држави најавија силни монетарни и фискални мерки како одговор на кризата.
– ЈуТјуб најави дека ќе го намали квалитетот на своите видеа во ЕУ и САД за да не дојде до застој во интернет сообраќајот со оглед дека милиони луѓе работат од своите домови. Нетфликс истото го најави вчера.
– Доктор Раманан лаксиминерајан, шеф на индискиот Центар за динамика на болести предупреди дека земјата наскоро може да се соочи со цунами од случаи на коронавирус. Тој вели дека ако британските и американските бројки се пресликаат за Индија, тоа ќе знчи 300 милиони луѓе, од кои четири или пет милиони би биле во тешка здравствена состојба.
– Австралијка, која живее во Пекинг, добил отказ од работа и ќе биде депортирана од Кина бидејќи е снимена дека ја прекршила изолацијата. Го напуштила станот за да оди на трчање.
– Британците повикаа 65 илјади пензионирани лекари да помогнат во здравствената криза.