Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.272.102 лица. Од нив починале 231.312, а оздравеле 1.031.502 луѓе.
– Рускиот премиер Михаил Мишустин соопшти дека е заразен со новиот коронавирус.
– Бројот на новозаразени од Ковид-19 во Шведска во изминатите 24 часа порасна од 20.302 на 21.092, а бројот на починати за уште 124, на вкупно 2.586, соопшти шведската Национална здравствена агенција.
Шведска, во која животот и поркај пандемијата се одвива речиси вообичаено, смета дека нејзиниот пристап кон епидемијата успеал, но бројките покажуваат поинаку, оценува Си-Ен-Ен.
– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска првпат откако се излекува од коронавирусот, одржа редовна дневна прес конференција за состојбата во земјата. Тој наведе дека врвот на епидемијата поминал и, обраќајќи им се на граѓаните, истакна дека нивните напори и жртва се исплателе и дека се покажало оти тие делуваат.
– Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Холандија се зголеми на 39.316. Од Ковид-19 починале 4.795 луѓе, од кои 84 починале во последните 24 часа. Од вкупниот број на потврдени случаи 13.884 се здравствени работници.
– Американскиот претседател Доналд Трумп денеска оцени дека порастот на бројот на починати и заразени во Шведска покажува дека земјата „плаќа голема цена“ за својата одлука да не ја затвори земјата во борбата против коронавирусот.
– Бројот на починати во Италија денеска се зголеми за 285, на вкупно 27.967 соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Бројот на новозаразени порасна за 1.872, на вкупно 205.463, што е трет најголем број на заразени после САД и Шпанија.
– Португалија ќе почне да ја отвара економијата од 4 мај, во три етапи.
– Од 7 мај во Норвешка се дозволува собирање на јавни места до 50 луѓе.
– Во Чиле за 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со Ковид-19 – 888 нови случаи. Вкупниот број на заразени надмина 16.000 луѓе.