Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 179.890 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7.098, а оздравеле 78.326.

– Бројот на жртви од Ковид-19 во Италија се искачи на над 2.000.

– Единаесет лекари од болница во кипарскиот граад Пафос се заразени со новиот коронавирус.

– Во Германија има 1.100 новозаразени, а вкупниот број на болни надмина 6.000.

– Трговијата со оружје во САД бележи невиден пораст во продажбата во последните 11 дена, пишува ЛА Тајмс.

– Русија ги затвора границите за странски државјани од среда најмалку до 1 мај

– Канада ги затвори границите за сите странски државјани или странци без дозвола за долг престој.

– Аустриан Ерлјанс ги прекина сите летови.

– Американскиот институт за алергии и заразни болести објави дека дал прва доза на потенцијална вакцина против коронавирусот на еден волонтер.

– Финска прогласи вонредна состојба која ќе трае најмалку до 13 април

– СЗО прати милион и половина тестови за коронавирусот во 12 земји во целиот свет.