Состојбата на Штекли е стабилизирана, неговиот придружник сè уште е на апарати

Раде Трајковски-Штекли продолжува да останува на интензивна нега, пренесува ТВ21. Директорот на Универзитетскиот медицински центар за торакална и васкуларна хирургија, д-р Неџат Јакупи во изјава за ТВ21 рече дека здравствената состојба на повредениот Раде Трајковски-Штекли е стабилизирана, но не може да се каже дека е надвор од животна опасност. На Штекли му е отстранет дел од белите дробови.

„Направена е обемна интервенција на левиот граден кош. Отстранет е дел од белите дробови оштетен од куршуми. Беа третирани рани на десното рамо. Пациентот ја поминал ноќта на интензивна нега, утрото бил стабилизиран. Тој е во состојба на свест со спонтано дишење и е под опсервација и на интензивна нега во Карил“, нагласи Јакупи.

Во полоша состојба е придружникот на Раде Трајковски-Штекли. Придружникот вчера беше опериран на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и неговата состојба е сè уште животозагрозувачка. Toj e сместен на интензивна нега и сè уште е на апарати.