Република Македонија полека, но сигурно ги губи водните ресурси, состојбата со водостоите на повеќе природни и вештачки езера ширум државата е алармантна. Состојбата е алармантна, а се отвора прашањето дали нашата држава во блиска иднина ќе остане без вода и покрај големиот број на реки, извори и големо количество на водни ресурси кои полека, но сигурно ги снемува?
Екипата на Инфомакс денеска снимаше на „дното“ на Тиквешкото езеро, односно на она што некогаш во нормални услови би било дното на езерото. Во моментов истото се наоѓа на биолошкиот минимум, некои 20 до 25 метри под нормалната кота.
Заедно со екипата на Инфомакс на езерот допатува и дополнителниот технички министер за земјоделие, Цветан Трипуновски кој што е тука да изврши увид во ситуациијата.
-Како што сами кажавте вчера бевме на браната Калиманци денеска сум овдека се со цел да го подигнам авернесот за општата ситуација на акумулациите во Република Македонија, од она што може да го видиме и она што позади мене може да го наречеме Тиквешко езеро е една катастрофална ситуација. Инаку, за мало потсетување ако највисоката кота на Тиквешкото езеро е 265 денеска имаме кота од 246 или 20- тина метри под максималната кота, тоа значи дека е на еден биолошки минимум и во една многу алармантна ситуација,, вели Трипуновски.
Тој ја потенцираше и важноста на оваа акумулација за земјоделците од регионот.
-Само за потсетување оваа акумулација ги опслужува земјоделците од 5-те општини во околината тоа е Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија и ова езеро годишните потреби на земјоделците се околу 95 милиони метри кубни бода. Со овој доток кој што го има сега езерото и со оваа ситуација односно овој минимум кој што го има сега речиси ќе биде невозможно да се наводнуваат земјоделските површини. Ова уште еднашка ќе потенцираме дека оној несериозен однос кој што го има власта во делот на водниот ресурс во Република Македонија знаете 2019 година беше сушна година меѓутоа владата и сите институции надлежни не ја трошеа водата рационално, додаде тој.
Според него ситуацијата со водните ресурси во Македонија е навистина сериозна.
-Рака да оваа ситуација која што денеска ја имаме премногу е алармантна и за флората и за фауната и пред се за земјоделското производство во овој тиквешки регион каде што знаеме дека најголем дел од површините се под лозов насад. Инаку како што спомнав овие 5 општини треба да се наводнуваат речиси околу 10 до 12 илјади хектари кои опстојуваат на овие 5 општини. Јас од оваа ситуација и од ова исто сакам да апелирам на оваа алармантна ситуација дека треба уште веднаш да се преземат некои конкретни мерки се со цел да се превенира ваквата состојба затоа што овој водостој со овој дото кој што го имаме во моментов ќе значи една катастрофална ситуација во нареднава 2020, вели Трупуновски.
Во однос на дотокот во езерот на прашање на Инфомакс, Трипуновски одговори дека во него се вливаат некои 7 метри кубни вода, а се излеваат 4, што значи дека остануваат некои 3 метри кубни што е премалку за да се задоволат потребите.
извор: infomax.mk