
Кризниот штаб информира дека состојбата во врскa со обилните дождови кои го зафатија Пелагонискиот регион е под контрола.
Утринава, беше оддржан координативен состанок на Кризниот штаб на кој беа изнесени најновите информации за обилните врнежи кои го зафтија градот Прилеп и населените места.
Екипите се на терен, обезбедени се вреќи со песок кои се користат на критичните места, вклучена е и АРМ и вработените во Јавните претпријатија.
Нивото на Црна Река е под контрола, но сепак состојбата постојано се следи, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
195 е телефонскиот број за пријавување на било каков проблем настанат од страна на обилните врнежи кои во наредните денови се очекува да бидат намалени.