Актуелната состојба во Македонија засега не влијае врз работењето на странските инвеститори, но потенцијалните вложувачи со внимание ја следат и ги забавуваат своите одлуки.
Ова е оценката на претседателот на Македонско – турската комора (МАТТО) Туна Ејуп Кахвеџи и претседателот на Советот на странските инвеститори при Стопанската комора Хуан Педро Химерез Наваро.
Кахвеџи и Наваро од вчерашната средба во Скопје порачаа дека инвеститорите здружени во двете асоцијации и натаму ќе работат на унапредување на деловната и инвестициската клима во Македонија, како и на зајакнување на приватно-јавниот дијалог.
Средбата, како што информираат од МАТТО, беше со цел обединување на ставовите и преземање заеднички активности во тој контекст.
Заклучно со 2014 година вкупните турски инвестици во земјава изнесуваат околу 830 милиони евра.