Неосновани се тврдењата на Бугарија дека во Македонија постоела системска дискриминација на бугарското малцинство, одлучи Комитетот на министери при Советот на Европа.
Според информациите на МНР одбиени се сите бугарски амандмани и усвоена е Резулуцоијата за национални малцинства во Македонија.
Оттаму соопштија дека оваа одлука произлегла од тимот на независни експерти кои биле во посета на земјава во ноевмри 2021-ва година.
„Во процесот на усвојувањето на Резолуцијата, беа поднесените бројни амандмани од друга заинтересирана делегација кои не наидоа на поддршка од мнозинството земји членки на Совет на Европа. Помеѓу останатото, аргументацијата на високото мнозинството претставници е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку истите треба да се засноваат на духот и принципите на меѓународното право и стандарди, како и објективните наоди на независните експерти кои рефлектираат на реалната состојба“, соопштија од МНР.
Оттаму информираат дека мониторинг процесот трае одереден период и циклично низ него на 5 години поминува секоја држава – договорна страна на Конвенцијата, а кулминира со усвојување на Резолуција од страна на Комитетот на министри.
Мислењето е објавено на интернет страната на Совет на Европа во септември минатата година, наскоро се очекува јавно достапна да биде и усвоената Резолуција.
Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства Македонија ја има ратификувано на 10 април 1997 година