Над 1.100 лица побарале совет на линијата Ало докторе!. Во текот на изминатата телефонската линија за медицински совет Ало докторе! регистрирани се 1.164 повици.
Откако започна да работи телефонската линија, од 15.09.2014 година на 02/15 123 вкупно 68.378 лица побарале медицински совет.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
За медицински совет се достапни вкупно 25 лекари. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Граѓаните побарале совет за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, покачена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици .
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.