Совет на Општина Битола: Еурофарм Пелистер е обединетиот клуб кој ќе има милионски буџет

Раде Стојановиќ ги демантира гласините за трансфер во Пелистер

Како што пренесува „Битоплањус“, на денешната седница на Советот на општина Битола, беа изгласани заклучоците кои Советот на општина Битола ќе ги достави до РК Еурофарм Работник, во врска со понудената „Платформа“.

Советот донесе одлука наместо 100 проценти да се продадат акциите, како што наведе Еурофарм Работник да се продадат 75%, а Општина Битола да купи акции од Еурофарм Работник.

Платформата е следна:

-Да се овозможи купување на 75% од акциите на РК Пелистер согласно законската регулатива.

-Акционерскиот влог да биде 75% на Еурофарм Работник и 25% на Општина Битола.

-Општина Битола да купи 25% од акциите на РК Еурофарм Работник.

-Во двата клуба составен дел од името ќе биде Пелистер.

-Општина Битола годишно ќе издвојува по 15 милиони денари.

-РК Еурофарм Работник годишно ќе издвојува по 45 милиони денари.

-Вкупниот буџет на клубот би бил најмалку 60 милиони денари.

-РК Еурофарм Пелистер во наредната сезона ќе настапува во плаво-бели дресови, на кој ќе биде грбот на РК Пелистер, а во наредната сезона дресовите ќе бидат плаво-бели и зелено-бели.

-Трошоците за одржување на спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе се делат согласно процентот на акциите.

-Двата клуба без надоместок ќе ја користат спортската сала.

-Останатите точки од Платформата се прифатливи

„ЧКЕМБАРИТЕ“ СО ПОРАКА: ЈА САКАМЕ ЗЕЛЕНО-БЕЛАТА ОПРЕМА

-Нам ни е најбитно ни е да се зачува идентитетот на клубот, а тоа иметот и грбот, дресот. Името на спонзорот во случајот ќе биде пред името на клубот, но и тоа го прифаќаме, но ни пречи менувањето на боите на клубот. Еурофарм Работник во Лигата на шампиони ја има пријавено сино-белата боја, а најмногу што можеме да прифатиме е тоа да се има два комплети на дресови. Ќе инсистираме сите домашни натпревари да се играат во зелено-бела комбинација, а од следната сезона да бидеме зелено-бели, во спротивни ќе ги нема “Чкембарите“ на трибини“ посочи претставникот на навичката група „Чкембари“.