Издвојуваме неколку совети на Коко Шанел што секоја жена треба да ги знае. Габриел Бонер Шанел или едноставно Коко, заслужна е за ослободување на жените од голем број граници во облекувањето, но и во животот. Со своите креации таа своевремено предизвика вистинска модна револуција.
Коко предлагаше женствен стил, но и модерна и шик елеганција. Во славната модна куќа што таа ја основаше и понатаму се држат до тие постулати. Таа беше и остана толку многу влијателна, па голем број нејзини ставови и совети редовно се цитираат. Еве неколку совети на Коко Шанел што секоја жена треба да ги знае:
-Едноставноста е клуч на елеганцијата;
-Најубава боја е онаа што ви стои добро;
-Животот не ме галеше. Затоа создадов сопствен;
-Постојат луѓе што имаат пари и луѓе што се богати;
-Модата се менува, но стилот вечно трае;
-Жената што ја скратила косата, најверојатно наскоро ќе го промени и животот;
-Се додека сте свесни дека мажите се како деца, ќе знаете се на овој свет;
-Успехот е достижен за оние што знаат дека поразот е неизбежен;
-Елеганцијата ја уживаат само оние што ја прифатиле сопствената иднина;
-Во 30-тите сте божествени, во 40-тите шармантни, а во остатокот од животот сте неодоливи;
– Модата е секогаш одлика на времето во кое живееме;
-Не сум млада, ама се чувствувам младо. Оној ден кога ќе се чувствувам старо, ќе легнам во постелата и таму ќе останам;
-Нема време за монотонија. Постои само време за работа. И време за љубов.