Советите за убавина на ѕвездите на „Сексот и градот“

Маноло Бланхик благодарение на серијата „Сексот и градот“ ја потврди својата слава, Фенди Багет чантата стаса на листата на најбараните вонвременски чанти, а сето тоа благодарение на комбинацијата на стиловите што ги воспостави Патриција Филд како еден од најталентираните стилисти во светот.

Серијата „Сексот и градот“ никогаш нема да ја заборавиме од повеќе причини, но и поради неверојатниот стил на главните актерки.

Кери Бредшо покажа како се создава секси шминката и како се појадува со безбојни усни, со розе образи и нагласени очи со црн молив на горниот и долниот раб на очите.

Сите актерки за време на серијалот имаа мошне уредни и иновативни фризури што ги комбинираа со соодветна облека. Миранда дури ја бојадиса косата црвена за потребите на серијата затоа што е природно е русокоса. Саманта секогаш знаеше како да ги нагласи прекрасните усни. Секогаш користеше сјај за усни во силни бои и никогаш не заборави да ги нагласи контурите на усните со меснати и сочни нијанси.

Еве што говореа познатите ликови за убавината за време на снимањето на серијата „Сексот и градот“:

  • Можете да сфатите многу за една жена кога ќе погледнете какви додатоци носи и кога ќе го погледнете нејзиното поранешно момче. (Миранда).
  • Хемискиот пилинг на лицето треба да се прави внимателно. (Саманта)
  • Кога ќе се одлучите да го промените изгледот треба да имате мошне добра причина. (Кери)
  • Немојте да тагувате кога ќе потрошите пари на производи за лице. Морате секогаш да имате прекрасна кожа.(Саманта)
  • Дури и ако планирате да имате луда ноќ, секогаш треба да имате уредна фризура. (Шарлот)
  • Ако косата ви е неуредна, напуштете го состанокот и претварајте се дека сте болни. (Кери)
  • Самодовербата е најсилното оружје на твојата убавина. (Саманта)
  • Во џебот секогаш носете сјај… за секоја прилика. (Кери)

Добро би било да ги послушате советите на популарните актерки, затоа што тие секако ги знаат сите тајни на вонвременската убавина.