Нарачајте храна што се јаде со вилушка
За деловен состанок изберете храна што лесно се јаде и може да се јаде само со вилушка. Секогаш би било добар избор да земете салата или некои апетисани што се јадат во мали залчиња. Секако, не заборавајте дека вашиот гостин треба прв да нарача и пристојно е да го следите неговиот пример, доколку тој нарача два оброка. Нема да се чувствувате пријатно додека тој јаде супа, а вие сеуште не сте испиле ниту половина од вашиот леден чај.
-
„Фаќајте“ белешки
Една од најтешките задачи за време на деловниот ручек е да земате белешки додека јадете. Така, направете си самите услуга и подгответе мал бележник и пенкало пред да почне состанокот – нема да скате да претурате во чантата и да ги барате кога ќе ви треба нешто итно да забележите за време на ручекот. Доколку пак треба да понесете со себе важни документи, сместете ги во фолија и во папка.
5. Извлечете заклучок
Крајот на ручекот би можел да биде чуден доколку не успеете да извлечете заклучок. Ако сакате нешто да осигурате, тогаш направете го тоа додека го чистат приборот и додека ја исчекувате сметката. Ако вие сте го поканиле гостинот, тогаш вие треба да платите.
Разговорот може да го завршите со договор за следна средба, па дури може и да го испратите додека вие да се погрижите за сметката. Додека сте сами на масата по состанокот ќе можете да ги забележите оние работи во бележникот што не сте успеале за време на состанокот.
-
Контакти по средбата
Уживавте во состанокот! За да продолжите со работата, испратете кратка имеил или смс порака истиот ден во која што ќе му се заблагодарите на вашиот гостин за времето и да ги продолжите активностите за кои што сте поразговарале.