Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Град Скопје со осуда на ксенофобичниот напад на туристите

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје најостро го осудува ксенофобичниот и расистички напад кон туристите кои се случи во центарот на градот.

-Тоа не е сликата за градот на солидарноста Скопје. Политиката на поделби и омраза креирана и практикувана од власта резултира со агресивност, омраза и создавање на лоша слика за Република Македонија и главниот град. Станавме место каде антисемитизмот останува неосуден од власта, ксенофобијата е последица на поделбите, говорот на омраза средство за комуникација.Оттука лицемерно е кога Шилегов чиј вокабулар изобилува со навреди и непочитување кон соговорникот и вербални испади ќе се прикажува за душегрижник и поборник на солидарноста, кога всушност е поттикнувач на поделбите, се вели во соопштението.

Советниците бараат институциите да реагираат и го осудат говорот на омраза и политиката на поделби.