Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ја поддржат набавката на едно специјално противпожарно возило.
„Со оваа предлог одлука се одобрува набавката на едно специјално противпожарно возило, набавно. Средствата за оваа набавка се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја поздравува оваа одлука и истата ќе ја поддржи. Имено, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа програмата на градоначалничката Арсовска, бидејќи најголем дел од неа се совпаѓаше со програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ за градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата цени дека е потребна обнова на возниот парк на противпожарната единица на градот Скопје со цел зголемување на нивната ефикасност при извршување на нивната дејност“, истакна Марија Андоновска, советник во Совет на Град Скопје на денешната седница при произнесување на предлог одлука за набавување на едно специјално возило.
Андоновска додаде дека набавката на специјално противпожарно возила ќе биде голема придобивка за граѓаните.
„Само неколку месеци по смена на локалната власт во Градот Скопје, да се исполнат ветувањата од програмата и да се набави ново противпожарно возило кое е неопходно за секојдневното работење на противпожарната единица на Градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ја поддржат оваа одлука“, појасни Андоновска.