Советниците на СДСМ од Радовиш ја поддржаа Владата за изградба на кампови за мигранти

Советот на Радовиш изгласа да нема кампови за мигранти во општината. Одлуката беше донесена со 11 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и 7 гласа од советниците на СДСМ кои гласаа „против“ таквата одлука.

Советниците на СДСМ од општина Радовиш во средата на седница на Советот не го поддржаа предогот да нема изградба на кампови и социјални станови за мигранти, како што е предвидено во владиниот Акциски план и стратегија за сместување на мигранти на македонска територија.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа „за“ отфрлање на владиниот Акциски план, според кој општините до крајот на годинава ќе треба да обезбедат барем 100 плацеви за изграба на социјални станови за бегалци и мигранти на македонска територија со цел подобра нивна долгорочна интеграција.

„Советот на општина Радовиш не ја прифаќа Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија за период од 2017-2027 година и предлага, Владата да го повлече предлагањето на оваа стратегија; доколку се пристапи кон нејзино донесување пратениците од Собранието треба да мислат на последиците по своите граѓани; Советот на Општина Радовиш смета дека нема услови за прифаќање и спроведување на оваа Стратегија на своја територија, се наведува во Заклучокот за неприфаќање на Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија за период од 2017-2027 година“, се наведува во одлуката.

Советниците на СДСМ гласаа против отфрлање на одлуката да нема кампови за мигранти во општината, поддржувајќи ја владината стратегија на Министерството за труд и социјална политика.

Инаку досега во однос на Нацрт-Стратегијата на Владата негативно се изјаснија општините Битола, Дојран, Прилеп, Крива Паланка, Неготино… кои јасно ставија до знаење дека нивните општини немаат капацитет за прифаќање на бегалци потенцирајќи дека, иако сочувствуваат со мигрантите, нивен приоритет остануваат граѓаните и жителите на општините и решавањето на проблемите со кои тие се соочуваат.