Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа градскиот совет

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје, ја бојкотира работата на Советот.

Облечени во маички со натпис „И јас сум теророст“, советниците Михајло Маневски, Јелена Жугиќ, Владо Поповски, Ирена Мишева ја зазедоа говорницата пред расправата за буџетот и дадоа поддрша за приведените за настаните од 27. април во Собранието.

Тие побараа приведените да бидат пуштени.