Советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба во одбрана на граѓаните кои протестираа

Советниците од општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат одговори за самоволието на градоначалникот Георгиевски, изјави советникот Живко Белчев.

Како што вели народот „водата ја прели чашата“. ВМРО ДПМНЕ повеќе од една година укажува на самоволието во функционирањето на Општина Гази Баба, самоволие кое како начин на управување го практикува градоначалникот Борис Георгиевски. Последен пример за тоа дека градоначалникот Борис Георгиевски не го допираат потребите и интересите на граѓаните е примерот со давањето одобрение за отварање на Центар за зависници од дрога на територија на Општина Гази Баба, истакна Белчев и додаде:

„Оттука јавно го прашуваме градоначалникот Георгиевски: Дали секој пат партиските интереси ќе бидат пред интересите на жителите на Гази Баба? Дали се што им смета на жителите од другите општини, Борче Георгиевски безусловно ќе го прифати и донесе во Гази Баба ? Граганите одамна се изневерени од неговите ветувања, бидејки досега ништо и нема реализирано, но барем заслужуваат да живеат во мир и спокој.

Ние немаме ништо против оваа категорија на граѓани и нивните права но инсистираме институциите да најдат соодветно решение за секој проблем. Како советничка група уште на наредната седница на Советот која ќе се оддржи оваа недела, ќе иницираме оваа тема да биде на дневен ред. ВМРО ДПМНЕ и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со сите средства ќе се борат за правата на граѓаните и доследно ќе ги застапуваат нивните интереси.

https://www.youtube.com/watch?v=2j5hRg3OuU8