Советниците во Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ остро се спротиставуваат на оштетување на Паркот на природата

Дознавајќи од синоќешната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија дека кај спортско рекреативниот центар „Железара“ ќе има и други градби кои ќе зафатат и дел од зеленилото со што ќе се направи оштетување на паркот на природата Гази Баба, вели Благој Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние како членови на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како мнозинство во советот на Општина Гази Баба, остро реагираме и најавуваме дека таков план нема да поддржиме. Нашата заложба ќе биде да го зголемиме зеленилото со засадување на нови дрвја и трева, а не урбанизирање и градење на зелените површини. Со тоа ќе го зачуваме паркот на природата Гази Баба, кое е белодробно крило на Општина Гази Баба и на градот Скопје“, потенцираше Атанасов.