Парите и ресурсите што Исламска држава ги добива од регионалните играчи прават борбата против тероризмот да биде мошне отежната, вели советникот на Асад за Раша Тудеј, нагласувајќи дека политичкиот дијалог исто така е отежнат поради опозициските групи што се поддржани од странските држави.
Пет години сириската опозиција не успеваше да воспостави дијалог, бидејќи секоја страна од оваа опозиција припаѓа на друга држава и добива финансии од различни држави. Тие не се опозиција што има политичка партија во Сирија и не произлегуваат од сирискиот народ. Тоа е единствената опозиција во светот каде агентите на странските држави се свртени против сопствената држава, вели Бутина Шабан, политички советник на Башар ал Асад.
Директните разговори помеѓу опозицијата и владата ќе се одржат кога „опозицијата ќе биде во можност да се собере и да седне на маса“, вели таа, додавајќи дека иако сириската влада е подготвена за дијалог, нивните опоненти сеуште неможат да постигнат согласност ниту за сопствената делегација.
Раководиме со државата според нејзиниот Устав… Се бориме против тероризмот, како што треба да го правиме тоа и се радуваме да се постигне било какво политичко решение, рече таа, додавајќи дека и сириската и ирачката армија даваат се од себе во борбата против ИД.
Таа напоменува дека мешањето на некои регионални играчи го попречува успехот на процесот.
Ако не беше поддршката (или милитантните групи) од страна на регионалните сили – посебно Турција и Саудиска Арабија немаше да биде толку тешко да се порази ИД. Но парите, ресурсите, опремата доаѓа од овие држави за ИД. ИД не функционира во вакум, додава таа, нагласувајќи дека милитантите добиваат поддршка не само од земјите во регионот, туку и политичка поддршка од САД и Запад.