Советник на министерот за земјоделство направил сообраќајка со службениот автомобил

По турите до Солун и Охрид на МВР, сега функционерите на власта почнаа и да ги кршат службените возила, кои им се доверени за извршување на службени, но не и за приватни потреби, објави „Курир“.

Лицето Н.Б. (26) од Виница кој е ангажиран со договор во кабинетот на министерот за земјоделство, на 09.07.2018 година на регионалниот пат Виница- Берово, надвор од работно време направил сообраќајна незгода и го оштетил возилото на министерството.

Ова е трет скандал со службено возило- претходните два беа откако сега поранешниот директор на БЈБ,  Лазе Велковскси ја испрати ќерката на одмор во Грција со службеното возило и случајот со Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“ кој како што објавија медиумите надвор од работно време и за приватни потреби со службеното возило патувал за Охрид, пишува порталот.