Советник на Путин: По нападот на Курск, Русија не е подготвена на мировни преговори со Украина

Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека украинскиот напад на областа Курск значи дека Москва сега не е подготвена за мировни преговори.

Во видео изјава која ја емитуваше новинската куќа Shot, Ушаков рече дека Русија не се откажува од своите претходни мировни предлози.

Неговата изјава доаѓа ден по демантот на Москва на извештајот на Вашингтон Пост, во кој се сугерира дека предложените преговори меѓу двете страни што требаше да се одржат во Катар пропаднале поради украинскиот напад на регионот Курск.