Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, последните месеци води доверливи преговори со помошникот на Кремљ за меѓународни односи Јуриј Упшакови секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, пишува весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на свои извори.
Главниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден последниве месеци е вклучен во доверливи разговори со врвните соработници на рускиот претседател Владимир Путин во обид да го намали ризикот од поширок конфликт околу Украина и да ја предупреди Москва да не користи нуклеарно или друго оружје за масовно уништување, изјавијале за весникот американски и сојузнички претставници.
Официјалните лица рекле дека американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан бил во контакт со Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин, како и дека разговарал и со неговиот директен колега во руската влада, Николај Патрушев. Целта беше да се избегне ризикот од ескалација на судирот и да се одржат отворени комуникациските канали, а не да се разговара за решавање на војната во Украина, рекле соговорниците на WSJ.
Според еден од изворот на весникот, стремежите на Саливан да одржува контакти со руските функционери не наишле на поддршка кај другите високи американски политичари, кои таквите контакти не ги сметале за продуктивни во сегашните услови.
Се додава и дека Саливан побарал од Киев да испрати отворен сигнал за подготвеност за решавање на конфликтот со Русија.
Во неделата The Wall Street Journal веќе објави дека некои западни земји засебни разговараат за можните услови за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина, а администрацијата на Бајден засебно барале од украинското водство да покаже отвореност за разговори со Москва.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски во октомври потпиша указ со кој се исклучуваат секакви преговори со рускиот претседател Владимир Путин, кој подоцна рече дека Москва многупати искажала подготвеност за дијалог со Киев, но оти Зеленски и неговите најблиски соработници одлучиле да не го продолжат.