17.8 C
Skopje
понеделник, мај 13, 2024

Советникот на министерката за финансии од тендери заработил над три милиона денари

Директен конфликт на интерес во кабинетот на министерката за финансии Нина Ангеловска – открива истражувањето на „Економски Лидер“.

Компанијата „Про агенс“ која е во сопственост на Павле Гацов, советникот на министерката задолжен за даночни политики од доаѓањето на СДСМ на власт па наваму од државни институции како тендери добила набавки во вредност од 3.249.714 денари.

Гацов во јавноста беше познат по тоа што ги бранеше политиките за воведување на прогресивен данок, а сега е во кабинетот на министерката која повторно го врати рамниот данок.

Во прилог, „Лидер“ изготви графикон за тоа колку пари од која институција добил советникот Павле Гацов, кој како советник ги распоредува а како бизнисмен ги прима државните пари.