![sovet-na-ambasadori](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/sovet-na-ambasadori.jpg?resize=597%2C398&ssl=1)
Македонскиот Совет на амбасадори до амбасадорката на Република Србија во земјава, Невена Јовановиќ упати сочувство за масакрот во основното училиште во Белград, истакнувајќи дека ова е настан без преседан во историјата на целиот регион.
-Во овие тешки моменти за српскиот народ, дозволете ни во име на македонскиот Совет на амбасадори да Ви упатиме најдлабоки изрази на сочувство. Со огромен шок и неверица ја примивме веста за огромната трагедија во Белград која што заврши со загуба на млади животи и на образовни работници. Ова е настан без преседан во историјата на целиот регион. Во овие страотни моменти верувајте дека Вашата земја не е осамена и дека целиот Балкан ја дели болката и тагата заедно со граѓаните на Србија и со целото српско општество, се вели во соопштението од македонски Совет на амбасадори.